Медиасет

Ова е докторот кој го спаси Новак за Олимписките игри: Операцијата траела 15 минути, познати детали

Тениска поезија, Ѓоковиќ седми пат во кариерата го освои Завршниот мастерс

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на светот го скина менискусот на коленото, а после тоа беше опериран, а ова се деталите.

На Новак во рутинска операција му го извадиле менискусот, пренесува француски „Екип“.

Операцијата ја извршил Антоан Геромета, а траела 15 минути.

„Србинот имаше мала операција во Париз и се надева дека ќе се врати на теренот што е можно поскоро. Овој пат не чекаше долго. Додека последен пат чекаше две години на операција на лактот во 2018 година, Новак Ѓоковиќ, кој не сака никакви хируршки интервенции, размислуваше само неколку минути пред да му даде зелено светло на д-р Антоан Геромета, ортопед на спортската клиника во Париз, вчера да му направи артроскопија на десното колено по повредата заработена на мечот со Франциско Серундола. Операцијата била извршена наутро без никакви проблеми и траела 15 минути, толку време му требало на специјалистот да извади прилично голем менискус“, се наведува во текстот на „Екипа“.

Се очекува Новак да се врати на теренот на турнирот во Хамбург, кој започнува на 15 јули и ќе трае до 21. Потоа, пред Олимпијадата ќе има седум дена одмор.

На почеток