Спорт

(Видео) Ноле сподели снимка од детството

Британски новинар се покаја за се што рекол: Новак, извини, не знам кај ми беше умот!

Новак Ѓоковиќ поради повреда не го заврши Ролан Гарос, туку мораше без борба да му го предаде четвртфиналниот меч на Каспер Руд.

Српскиот ас се здоби со кинење на менискусот, по што следеше операција и сега е на рехабилитација.

Ѓоковиќ моментално се опоравува од повредата, што му дава повеќе време да биде активен на социјалните мрежи.

Ноле на својот Инстаграм профил сподели носталгичен момент од детството, кога како седумгодишно дете ги објаснуваше правилата на тенисот.

Во рамките на серијалот „Внимавајте на свежа боја“, во емисијата „Топката лета над Белград“ од 1996 година, младиот Новак ја покажа својата техника и им ги објасни на своите врсници видовите на форхенди и начинот на послужување. Ѓоковиќ ја искористи оваа прилика да го сподели видеото со своите фанови, коментирајќи:

„Ова сум јас, тогаш имав седум години и зборував за тенис. Тогаш немав поим…“

На почеток