Медиасет

Ѓоковиќ објави порака пред Олимписките игри: Со еден збор ги воодушеви сите

Новак Ѓоковиќ се наоѓа во Париз каде најверојатно ќе го започне нападот на олимпиското злато во последниот обид во кариерата.

Српскиот тенисер ова си го постави за главна цел оваа година и се подготвуваше во Црна Гора, а денес ќе ги дознае своите ривали на патот кон големиот сон.

Тој на социјалните мрежи се огласи од Париз.

Тој на Инстаграм објави сторија со слики од него како тренира, која ја објави познатата „Тенис ТВ“ и на неа остави порака.

„Одимее“ ја напиша Новак и ги воодушеви сите.

Ова е чест извик на српските тенисери за време на натпреварите, а Новак јасно стави до знаење дека сака да оди до крај.

To Top