„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Украина го очекува почетокот на преговорите за членство во ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет

Украинскиот премиер Денис Шмихаљ изјави дека Европската комисија во извештајот потврди дека Киев ги исполнил преостанатите неопходни чекори неопходни за почеток на пристапните преговори, пренесува Ројтерс.

— реклама —

Шмихаљ изјави дека Европската комисија го поддржува почетокот на пристапните преговори меѓу Европската унија и Украина.

„Сега очекуваме нашите европски партнери да го направат следниот чекор – почеток на преговорите за членство во ЕУ веќе овој месец“, рече Шмихаљ во објавата на Телеграм.

— реклама —

Претходно, „Фајненшл тајмс“ објави дека Европската комисија ќе препорача почеток на преговорите за пристапување на Украина и Молдавија во ЕУ веќе овој месец, пред Унгарија да го преземе ротирачкото претседателство со блокот, објавија денеска украинските медиуми, повикувајќи се на пишувањето на Фајненшл Тајмс.

„Европската Комсија врши притисок да започне формални разговори со Киев и Кишињев овој месец за да испрати позитивен сигнал до двете земји за нивните аспирации за ЕУ. Комисијата во петок ќе каже дека Украина сега ги исполнува претходно неисполнетите критериуми, вклучително и антикорупциските мерки, ограничувањата за политичко лобирање, правила за декларирање на имотот на државните службеници и заштита на јазиците што ги користат националните малцинства“, пишува ФТ, повикувајќи се на информирани извори.

Украина поднесе барање за членство во ЕУ неколку недели по почетокот на рускиот напад во 2022 година и доби статус на кандидат во јуни 2022 година.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на почетокот на мај објави дека Украина е блиску до вистинскиот почеток на преговорите за пристапување во ЕУ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library4stmlcj6gtfhbpEUx7V

Рубио: САД ништо не наметнуваат, не можеме да ги присилиме ниту Киев ниту Москва на договор

Свет | пред 4 часа

media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин повторно условува мир: Повлекување на Украина и без НАТО

Свет | пред 15 часа

Screenshot-2022-03-24-at-08.08.56

Москва без отстапки: НАТО-членството на Украина е „апсолутно неприфатливо“

Свет | пред 16 часа

EU-1

Нема да ги „допрат“ руските замрзнати пари: ЕУ обезбеди кредит за Украина од 90 милијарди евра

Свет | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања