Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Нема да ги „допрат“ руските замрзнати пари: ЕУ обезбеди кредит за Украина од 90 милијарди евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Свет
EU-1

Европската унија донесе политички чувствителна, но стратешки клучна одлука – наместо да ги користи замрзнатите руски средства, Брисел ќе се задолжи за да обезбеди финансиска поддршка за Украина во следните две години. Со тоа, лидерите на ЕУ го заобиколија ризикот од внатрешни поделби и правни последици, а истовремено испратија порака за единство и решителност.

По неколкучасовни разговори во Брисел, претседателот на самитот на ЕУ, Антонио Коста, соопшти дека е постигнат договор за обезбедување значителна финансиска инјекција за Киев.

„Денес одобривме одлука за обезбедување 90 милијарди евра за Украина. Итно ќе обезбедиме заем поддржан од буџетот на Европската унија“, изјави Коста на прес-конференција.

— реклама —

Иако идејата за финансирање преку замрзнатите руски средства формално не е напуштена, лидерите ѝ дадоа на Европската комисија само мандат да продолжи да работи на т.н. заем за репарација, признавајќи дека во овој момент тој модел е нефункционален. Клучната пречка е Белгија, каде што се чуваат околу 185 милијарди евра од вкупно 210 милијарди евра руски средства замрзнати во ЕУ, поради страв од финансиски и правни последици и можна руска одмазда.

„Имаше толку многу прашања за заемот за репарација, што моравме да преминеме на План Б. Рационалноста преовлада“, изјави белгискиот премиер Барт де Вевер.
„ЕУ избегна хаос и поделби и остана обединета“, додаде тој.

Одлуката за задолжување првично изгледаше речиси невозможна, бидејќи бара едногласност од сите земји членки, а унгарскиот премиер Виктор Орбан отворено се спротивставуваше на секој механизам што би можел директно или индиректно да се потпира на руските средства. Сепак, компромис беше постигнат: Унгарија, Словачка и Чешка се согласија да не ја блокираат шемата, под услов таа да нема финансиско влијание врз нив.

— реклама —

Еден дипломат од ЕУ оцени дека со ова Орбан практично извојувал дипломатска победа.
„Орбан го доби она што го сакаше: нема заем за репарација. И акција на ЕУ без учество на Унгарија, Чешка и Словачка“, рече дипломатот.

И покрај тоа, лидерите јасно ставија до знаење дека руските средства ќе останат замрзнати сè додека Москва не плати воена отштета за штетите нанесени на Украина. Во такво сценарио, тие пари би можеле да се искористат за враќање на заемот што сега го обезбедува ЕУ.

— реклама —

„Ова е добра вест за Украина и лоша вест за Русија и тоа беше нашата намера“, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц.

Влогот за донесување одлука беше исклучително висок. Според проценките на европските претставници, без нова финансиска поддршка од Брисел, Украина би останала без средства веќе во вториот квартал од следната година – сценарио што, според стравувањата во ЕУ, би можело да доведе до пораз на Киев и дополнително да ја зголеми безбедносната закана од Русија за целиот блок.

„Едноставно не можеме да си дозволиме неуспех“, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас.

— реклама —

На самитот учествуваше и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој повторно апелираше замрзнатите руски средства целосно да се стават во функција на одбраната на неговата земја.

„Одлуката што сега е на маса – одлуката целосно да се користат руските средства за одбрана од руска агресија – е една од најјасните и морално оправданите одлуки што некогаш би можеле да се донесат“, изјави Зеленски.

Одлуката за задолжување доаѓа и во поширок политички контекст, откако американскиот претседател Доналд Трамп неодамна јавно ги критикуваше европските земји како „слаби“, што дополнително ја зајакна потребата ЕУ да покаже политичка тежина, единство и способност самостојно да дејствува.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarysith7ierrfmn68Wt5XU

Украина исчисти над 230.000 хектари од мини, неутрализирани повеќе од 260.000 експлозивни направи

Свет | пред 1 час

— реклама —
media-libraryh2aohabuoto18k0oXtb

Русија и Украина разменија нови воздушни напади, најмалку 16 лица се повредени

Свет | пред 5 дена

media-libraryfa87nutg2i1s4i0Tip1

(Видео) Украински дронови погодија енергетска инфраструктура и петрохемиски капацитети во Русија

Свет | пред 5 дена

media-librarykr49dgi46sb92zWpqdy

Поранешен соработник на украински премиер тешко повреден во експлозија на автомобил во Москва

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања