Свет

Путин ќе ги посети Северна Кореја и Виетнам

Рускиот претседател Владимир Путин ќе ги посети Северна Кореја и Виетнам во наредните недели, објави весникот „Ведомости“, повикувајќи се на дипломатски извор.

Рускиот амбасадор во Северна Кореја, Александар Мачегора, за Ведомости потврди дека посетата на претседателот на Пјонгјанг ќе се случи и дека тој „активно се подготвува“.

Весникот напиша дека Путин би можел да го посети Виетнам веќе во јуни, а најверојатно веднаш по посетата на Северна Кореја.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја посети Русија минатиот септември на разговори со Путин. Тој го посети рускиот космодром Восточни на Далечниот Исток, а Путин вети дека ќе и помогне на Северна Кореја да изгради сателити.

Русија ги зајакна своите врски со Северна Кореја и други земји непријателски настроени кон САД, како што е Иран, откако ја започна својата војна против Украина, а зајакнувањето на овие врски е извор на загриженост за Западот.

Единствената посета на Путин на Северна Кореја беше во 2000 година, неговата прва година како претседател.

Ведомости цитираше руски трговски претставник во Виетнам минатиот месец дека главното трговско прашање меѓу двете земји е банкарската инфраструктура за трансфери на пари.

На почеток