Македонија

ЦУК: 2 111 повици на 112 во последното деноноќие, девет пожари на отворено

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2 111 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 59,45%, а 40,55% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 70,97%, кон Итната медицинска помош 19,35%, а кон пожарникарите 3,87%, од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 854 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (5,81%) и на тие што се именувани како „неитни повици“ (40%). Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

Девет пожари на отворено се регистрирани во последното деноноќие и сите се изгаснати, а од вчерашните активни пожари нема. Пожарникарите интервенирале за гаснење во општините: Ѓорче Петров, Сарај и Гази Баба (заради запалено ѓубре); Радовиш кај нас.Дамјан, Штип, кај „Авто Чајка“ и во Желино, кај с.Чифлик (заради запалена ниска вегетација); Тетово кај с.Фалише (депонија) Опш. Маврово и Ростуше с.Галичник (трансформатор на отворено и грмушки) и во Општина Демир Хисар во изминатото деноноќие имале една помала интервенција.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

На почеток