Македонија

Денес и утре температури до 40, 41 степен

Во Македонија денес и утре го очекуваме максимумот на овој топлотен бран од Африка, па така денешниот и утрешниот ден кај нас ќе бидат најтоплите денови досега оваа година. Температурите насекаде ќе надминуваат 30 степени, тие на повеќе места ќе се искачуваат и до околу 35 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурата локално ќе достигне до околу 40, 41 степен.

Времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност, а ќе дува и топол југозападен ветер кој повремено и локално ќе биде засилен на интензитет. Ув индексот ќе има многу висока, до екстремно висока вредност и ќе има коефициент некаде помеѓу 8 и 9. Токму поради ова апелираме граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот период од денот, односно од 11 до 17 часот, исто така да пијат и повеќе течности.

Во Скопје за време на овој максимум на топлотниот бран температурата ќе се искачи до околу 35, 36 степени.

Да напоменеме дека и понатаму од Сахара кон нашата територија ќе се врши транспорт на прашина и на песок, па така и атмосферата ќе биде заматена, а времето ќе биде многу мачно и спарно, што значи дека температурите ќе се чувствуваат како да се многу повисоки од реално измерените.

На почеток