Македонија

Осум пожари на отворено последното деноноќие

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2 050 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 62,68%, а 37,32% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 70,78%, кон Итната медицинска помош 16,23%, а кон пожарникарите 6,49%, од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 785 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (6,49%) и на тие што се именувани како „неитни повици“ (37,32%). Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

Осум пожари на отворено се регистрирани во последното деноноќие и сите се изгаснати, а од вчерашните активни пожари нема. Пожарникарите интервенирале за гаснење во општините: Гази Баба кај депонија Вардариште (гореле гуми и ниска вегетација, а е изгорена површина 1 хектар); Битола кај Магленица; Прилеп во близина на армискиот гарнизон во Прилеп; Гевгелија с. Мрзенци; Богданци во атарот на Богданци (ниска вегетација); Кавадарци кај населба „Глишиќ“, на месноста „Смилица“ (ниска вегетација – изгорена површина еден хектар); Липково кај с. Матејче (ниска вегетација) и во Општина Ранковце кај с. Гиновце (горела мешана шума и е изгорена површина од еден хектар).

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

На почеток