Три лица се повредени во пукање во ресторан во Атланта, полицаец го застрелал напаѓачот
Три лица се ранети во пукање во ресторан во трговски центар во центарот на градот Атланта, главниот град на американската држава Џорџија, кога биле застрелани од вооружен маж кој потоа бил застрелан од полицаец, соопшти полицијата.
Полицијата соопшти дека пукањето се случило во вторникот и дека четворицата ранети, меѓу кои и напаѓачот, не се во животна опасност, пренесе АП.
Осомничениот вооружен напаѓач, 34-годишен маж од Мороу, јужно од Атланта, најпрвин имал кратка расправија со едно од лицата во кои пукал со пиштол, а потоа ранил уште две лица.
Не е познато дали напаѓачот ги познавал луѓето во кои пукал.
Полицаец од Атланта кој не бил на должност, кој работел на обезбедувањето во ресторанот го застрелал напаѓачот.
Осомничениот бил повеќепати апсен и претходно и одлежал затвор за вооружен грабеж, а поради тоа претходно му било забрането да носи оружје, соопшти полицијата.