Свет

Невреме утрово во Сплит

Околу 9 часот невреме го зафати Сплит и околината, а над градот се надвисна превез од магла.

Слободна Далмација пишува дека по улицата Дубровачка се формирал порој. Со оглед на тоа дека вака одамна не врнело, апелираат возачите да внимаваат на коловозот и да ја намалат брзината.

ДХМЗ издаде жолто предупредување за сплитскиот регион поради невреме со грмотевици.

Според прогнозата на Државниот хидрометеоролошки завод (ДХМЗ) во првиот дел од денот се очекуваат локални врнежи од дожд и грмежи.

На почеток