(Видео) Вознемирувачка снимка: Маж падна на под по силни удари, гостите од локалот веднаш притрчаа да му помогнат


На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео од тепачка на двајца мажи во кафуле во Нови Пазар.
Инцидентот се случил на 7 јуни околу 21:05 часот, од расправија брзо прераснал во тешка физичка пресметка, пишува денеска Санџак.
На видеото се гледа како келнер во жолта кошула му приоѓа на својот колега во бела кошула и неочекувано го удира. Келнерот во белата кошула возвраќа, упатувајќи два силни удари.
Вториот удар бил особено сериозен, бидејќи келнерот во жолта кошула погоден од ударот паднал на земја. Гостите веднаш притрчале да му помогнат, а како што пренесува споменатиот портал, тој бил пренесен во болница.
Не се знае дали случајот е пријавен во полиција.
