Детали за апсењето за трговија со луѓе: Едниот заведувал девојка, друг рекламирал услуги, а третиот превезувалл


Припадниците на МВР Служба за борба против организиран криминал УКП ги уапсија членовите на криминалната група С.С.(46), П.Д.(25) и Ѓ.Љ. (29), поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело трговија со луѓе.
Се сомничи дека од февруари до јуни годинава, искористувајќи ги тешките услови во кои живеела, регрутирале 20-годишна девојка да се занимава со проституција, за да се стекнат со противправна финансиска корист.
Се сомничи дека С.С. најпрвин стапил во емотивна врска со оштетената за да влијае на нејзината свест и волја и на тој начин ја регрутирал да се занимава со проституција, а потоа ја ангажирал Ѓ.Љ., кој, како што се сомнева, на интернет рекламирал давање сексуални услуги, додека осомничениот П.Д., ја превезувал оштетената и ја предал на корисници на сексуални услуги.
Се сомнева дека вака стекнатите пари ги презел С.С.
Полицијата при претрес на становите на пријавените пронашла повеќе мобилни телефони и сим-картички, како и помала количина бела прашкаста материја која била испратена на вештачење.
С.С., П.Д. и Ѓ. Љ. им е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе бидат изведени во Вишото јавно обвинителство во Белград.
