Македонија

Мечка убила и изела овци во гостиварско

Имаше и пријавен напад од мечка врз овци на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК. Конкретно, вчера, во 20:45 часот е добиена пријава за убиени и изедени овци во с.Равен (Општина Гостивар).

Пријавителот информирал дека пред два дена, на 11 јуни во вторникот, мечка му убила и изела шест овци. Трлото, каде што го чувал стадото, било на периферија на село Равен. После пријавата во ЦУК, на терен излегле од ПС Гостивар.

По утврдувањето на состојбата на терен ќе се преземат следни чекори од надлежните министерства, институции, јавни претпријатија и Општина Гостивар.

На почеток