Македонија

Пријавени седум пожари на отворено во последното деноноќие

Седум пожари на отворено и неколку помали интервенции се регистрирани во последното деноноќие и сите се изгаснати, а од вчерашните активни пожари нема.

Пожарникарите интервенирале за гаснење во општините: Карпош покрај ул.„Скупи“ (дива депонија) и кај болница Бардовци (сува трева); Прилеп, покрај ул.„Македонска“ (сува трева и скелиња за тутун); Општина Пехчево, кај село Негрево, месност „Каширска Чешма“ (нискостеблести растенија и млада борова шума); Штип, покрај ул.„Косовска“ (ѓубриште, грмушки и сува трева);Општина Старо Нагоричане, кај село Старо Нагоричане (суви гранки) и во Општина Ранковце, с.Гиновци (мешана сечена шума).

На почеток