Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје спроведе акциска контрола на 02 / 03. 03. 2019 година во периодот од 23.00 до 05.00 часот за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол . Од страна на полициски службеници контролирани се вкупно 188 возачи, а кај 39 од нив утврдено е присуство на алкохол во крвта. Откриени се и 53 други видови прекршоци за кои се издадени 20 мандатни платни налози и издадени се 33 прекршочни платни налози.
На 02/03 .03.2019 година во периодот од 23.00 до 05.00 часот беа преземени мерки за непрописно паркирани возила од улиците: „Њуделхиска“, „Орце Николов“, „Јордан Мијалков“, „Герман“, „ Кеј 13-ти Ноември“ и „Партизански одреди“ и со специјално возило „пајак“ беа подигнати 20 патнички моторни возила.