Скопје

Викендов во Скопје осообраќај се исклучени 126 возачи

Во текот на изминатите денови на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 146 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 126 возачи од кои:

57 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 51 возач управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и 18 возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 48 возила бидејќи 42 биле нерегистрирани, пет возила биле технички неисправни и едно возило поради претовар.

Санкционирани се пет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, четири возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, 10 поради неправилно престројување, тројца возачи поради неправилно престигнување, девет возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 22 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се седум пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 271 мандатни платни налози и 167 возила се подигнати со специјално возило пајак.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток