Свет

ЕУ строго ја казни Унгарија: казнара е 200 милиони евра, секој ден доцнење ќе чини уште милион евра

Европскиот суд на правдата (ЕСП) во четвртокот пресуди дека Унгарија мора да плати сума од 200 милиони евра затоа што не ги спроведува мерките што се бараат од неа во однос на политиката за миграција и азил. Исто така, одлучено е Унгарија да плаќа по еден милион евра дневно додека не ги исполни условите.

Судиите во Стразбур во декември 2020 година пресудиле дека Унгарија не го почитувала правото на ЕУ за третман на мигрантите и и наредиле да спроведе промени. Судот изјави дека неспроведувањето на пресудата е „без преседан и претставува исклучително сериозно кршење на правата на ЕУ“, пренесува ДВ.

ЕСП пресуди дека „Унгарија не ги презела потребните мерки за да се усогласи со пресудата од 2020 година за пристап до процедурата за меѓународна заштита, правото на барателите за меѓународна заштита да останат во Унгарија во очекување на конечната одлука по нивната жалба против одбивањето на нивната апликација и отстранување на нелегално престојуваните државјани на трети земји“.

На почеток