Свет

(Видео) Поплавите создадоа хаос: Шест загинати, 2.000 туристи блокирани

Поплавите создадоа целосна апокалипса: десетици војници исчезнаа во невремето во Индија

Најмалку шест лица загинаа, а околу 2.000 туристи се блокирани во индиската хималајска држава Сиким поради лизгање на земјиштето и поплавите предизвикани од обилните врнежи, соопштија денеска државните власти.

Во соседен Непал четири лица загинаа кога свлечиште им ја однело куќата, јавува Ројтерс.

Обилните дождови предизвикаа лизгање на земјиштето на неколку локации во северниот дел на индиската држава Сиким.

„Патот кон северниот дел на Сиким е оштетен на неколку локации. Заглавените туристи се безбедни, но не успеавме да ги евакуираме“, рече окружниот судија на Мангана Хем Кумар Четри и додаде дека меѓу туристите има и 11 странски државјани.

Околу 50 куќи се делумно или целосно оштетени, објави Ројтерс.

Сиким, мала индиска држава со околу 650.000 жители, е популарна туристичка дестинација, но е ранлива на екстремни временски услови на Хималаите.

Најмалку 179 луѓе загинаа во поплавите во Сиким минатата година.

На почеток