ЗНАМ ги објави кандидатите за министри
Од
Објавено на
На прес конференцијата на Движењето ЗНАМ беше објавено дека Игор Филков ќе биде номиниран за министер за правда.
Игор Филков, бизнисмен со дипломирани правни студии на скопскиот Правен факултет ќе биде предлог на ЗНАМ за нов министер за правда.
Вториот кандидат на ЗНАМ за министер е генералниот секретар на движењето ЗНАМ Горан Минчев ќе биде нов министер за администрација, соопштија од партијата на Максим Димитриевски.
Од ЗНАМ дополнително ќе ги соопштат имињата на замениците министри и на директорите кои им се доделени во коалициските договори.