Македонија

Почина Стојан Андов, првиот претседател на Собранието

Првиот претседател на Собранието на самостојна и суверена Република Македонија, Стојан Андов почина на 89 годишна возраст.

Роден 1935 година во Кавадарци, Андов дипломирал на Економскиот факултет во Скопје, а магистрирал на Белградскиот универзитет.

Во текот на своето работење беше пратеник, а во 1999 година се кандидираше и за претседател на државата.

На почеток