Свет

(Видео) Бесни пожари: 7.000 луѓе евакуирани, објавени видеа

Околу 7.000 луѓе се евакуирани од селата на југот на САД поради шумски пожар.

Властите им наредија на жителите на селото Руидосо, Ново Мексико, веднаш да заминат и да не се обидуваат да се вратат за да ги соберат работите или да ги заштитат своите домови.

Струјата во селото била исклучена поради пожар кој зафатил површина од најмалку пет квадратни километри.

Во Руидосо и околните области поради чад е издадено и предупредување за многу нездрав воздух.

To Top