Свет

Уште девет дена до спектаклот: Ќе се сретнат лутите ривали, еден на еден

Остануваат уште само девет дена до големата телевизиска дебата меѓу претендентите за највисоката функција во САД, сегашниот и поранешниот шеф на Белата куќа, Џозеф Бајден и Доналд Трамп.

Инаку, до изборите има неполни шест месеци.

Првиот јавен судир меѓу двајцата претседателски кандидати ќе биде проследен со големо внимание кај светската јавност, особено што ривалите не ги одмеруваат силите пред камерите од 2020 година.

Позициите на лидерите на демократите и републиканците во пресрет на повторувањето на изборите се разликуваат повеќе од кога било за клучните прашања, а додека еден од крстените се сопнува на патот кон втор мандат, другиот го мачат бројни обвиненија.

Следниот четврток камерите на Си-Ен-Ен во Атланта, Џорџија, ќе го насочат вниманието на Бајден и Трамп, кои ќе имаат вкупно 90 минути да ги убедат гласачите зошто треба да гласаат за нив.

Досегашната кампања за претседателските избори ја одбележа голем притисок од јавноста пред се поради возраста на двајцата лидери. Бајден есента го прослави својот 81 роденден, додека Трамп пред неколку дена дувна 78 свеќички на тортата, со што и двајцата останаа запишани во политичката историја како најстари претседателски кандидати во САД.

На почеток