Свет

Путин и Ким започнаа разговори во Пјонгјанг

Рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун денеска во Пјонгјанг ги започнаа разговорите како дел од делегациите од Русија и Северна Кореја.

Од руска страна, меѓу другите, учествуваат министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, првиот вицепремиер Денис Мантуров, вицепремиерот Александар Новак и портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, пренесе РИА Новости.

Од корејска страна во разговорите учествуваат министерот за надворешни работи Чои Сонг Хи, заменик-претседателот на Централниот воен комитет на Работничката партија на Северна Кореја Парк Чонг Чон и заменик министерот за надворешни работи Им Чонг Ил.

Путин и Ким ќе разговараат за меѓународната агенда, безбедносните прашања, соработката во областа на економијата, енергетиката, транспортот и земјоделството.

На програмата на посетата е гала концерт во чест на посетата на Путин, државен прием и положување венец на Споменикот на ослободувањето, кој е посветен на војниците на Црвената армија кои ја ослободија Кореја за време на Втората светска војна.

Путин последен пат ја посети Северна Кореја во 2000 година.

Ким ја посети Русија од 12 до 17 септември кога го покани Путин да го посети Пјонгјанг.

На почеток