Собраниската седница за изборот на новата Влада е закажана за во сабота
Од
Објавено на
Собраниската седница за избор на новата влада на Македонија е закажана за во сабота во 11 часот, одлучи претседателот на Собранието Африм Гаши.
Седницата може да трае најмногу два дена според Деловникот на Собранието. Мандаторот ја образложува програмата и предлогот на Владата.
Христијан Мицкоски вчера во Собранието го достави предлогот за нова влада и програмата за нејзина работа.
Новата Влада што ја предложи Мицкоски ќе брои 24 члена. Покрај премиерот, ќе има уште 23 вицепремиери и министри, од кои 20 со ресор.