(Видео) Невиден скандал: Албански фудбалер ги пцуеше и навредуваше Македонците и Србите


Албанската репрезентација успеа да извлече бод против Англија и да одигра 2:2 во меч полн со пресврти со гол во судиското надополнување.
Албанците диво го прославија бодот, но Мирилинд Даку отиде чекор понатаму и направи голем скандал.
По натпреварот тој се приближи до делот од трибината кој беше преполн со албански навивачи и го зеде мегафонот и го предводеше навивањето.
Ништо немаше да биде спорно ако не почнеше да ги навредува Србите на албански, а потоа истот го уппотреби и против Македонците и ја подбуцна толпата.
Наместо како спортист да ги смирува страстите на навивачите, Даку уште повеќе ги разгоре страстите и ги предводеше погрдните скандирања.
Тоа беше само еден од скандалите на тој меч, каде Албанците и Хрватите скандираа „Ебете ги Србите“ на тривината и продолжување на оркестрираниот напад на албанските навивачи во Германија.
Поради еден инцидент новинар од таканаречената држава Косово беше исфрлен од првенството.
— Bkh1945 (@makedonecbkh) June 19, 2024
