Свет

Нови детали за експлозијата во која загина дете: Семејството го запрело автомобилот покрај патот, па се случила трагедијата

Вчера околу 18:00 часот на подрачјето на Обровац од засега непозната причина дошло до експлозија во која загинало дете. Две жени со возило на Итна медицинска помош се пренесени во ОБ Задар за понатамошна лекарска помош.

Репортерот на ХРТ објави дека болницата дознала дека две жени биле примени на одделот за офталмологија и хирургија.

Како точно се случила трагедијата се уште не е познато. Првите информации беа дека се работи за експлозивна направа заостаната од војната, но се дозна дека тоа не е така, вели репортерот.

Според неофицијални информации, станува збор за чешко семејство кое го запрело својот автомобил покрај патот и тогаш дошло до експлозијата.

Полициската истрага се уште е во тек. Поради увид, сообраќајот на жупанискиот пат ŽC6025 Билишане-Богатник е во прекин, јавува ХАК.

На почеток