Свет

Стефан му наредил на детето да застане, па го полил со бензин и го запалил станот: Пред тоа ги избодел сопругата и ќерките

Маж (34) од германски Бад Минстеррајфел ги избодел сопругата и ќерките, а потоа го запалил станот.

Според полицијата, Стефан В., околу 03.30 часот со нож ги избодел сопругата (33) и ќерките (10, 13) и им нанел повреди опасни по живот. Неговата сопруга била оперирана.

Како што неофицијално дознава Билд, Стефан му наредил на едно дете да застане, а потоа го полил со бензин и го запалил станот.

Пожарот се проширил и на другите станови, а целата зграда во која живеат 14 лица е уништена од пожар. Имало и експлозија.

Повреден е и синот на Стефано (15), кој е пренесен во болница поради вдишување чад.

Во пожарот се повредени вкупно седум лица.

Стефан бил уапсен пет часа подоцна на околу 60 километри од Бад Минстерајфел.

Според информациите на Билд, Германецот досега не бил осудуван и до сега бил целосно невидлив за полицијата.

Се уште не е познато што го навело до овој страшен чин.

На почеток