Доживотен затвор за Фадил, кој свирепо ја уби штипјанката Емилија: „Моето дете гние, нека гние и тој во затвор“
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2025/02/emilija-peseva-ubiena.jpg)
Убиецот Фадил Зејнелов кој свирепо ја убил Емилија Пешева на 29 години, е осуден на доживен затвор.
„Обвинетиот сторил убиство, судот го осудува на доживотен затвор. Во изречената казна му се смета и времето поминато во притвор. По анализа на сите докази, утврди дека оваа казна е потребна и оправдана. Пред се поради начинот на извршување на кривичното дело, траело неколку минути.. Имало решителност од негова страна, а борба од страна на Емилија. Второ, покрај свирепоста при извршувањето, судот утврди дека во август 2024 година, при меѓусебни средби имало физички напад, утврдени во болница“, рече судијата Сашко Георгиев.
Родителите се задоволни од пресудата.
„Правилна одлука донесе. Не може да ја излечи болката, таа нема да се врати. Но работата е такви луѓе да нема. Моето дете ќе гние, нека гние и тој во затвор“, рекоа мајката и таткото.
Ја давел, ја оставил да умре и заминал да игра комар. Вака изгледало убиството на Емилија Пешева во ноември минатата година. Убиецот Фадил Зејнелов го призна убиството, а семејството и обвинителството бараат доживотен затвор. Слободан Пешев, татко на убиената Емилија рече дека неговата ќерка била користена од убиецот за пари.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)