Македонија

Почна судењето против Мерко за незаконско назначување директори во училиштата, вели дека не се чувствува виновен

Во Основниот суд во Струга денеска почна судењето против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за незаконско назначување директори во четири основни училишта во Струга.

,,Моментално за училиштето во Велешта се води одвоен предмет затоа што таму се четворица обвинети, а за другите три училишта се води споен предмет. Три постапки во еден предмет. Покрај кривично дело несовесно работење во службата во Велешта, дел од обвинетите се гонат и за кривично дело фалсификување исправа. Значи во тој предмет се две кривични дела”, изјави Јованов.

Мерко вели дека не чувствува вина за делата за кои го обвинува Јавното обвинителство. Тој истакна дека разбира за што е обвинет, но не се чувствувал виновен за кривичните дела, бидејќи, како што рече, направил континуитет во работата на основните училишта.

На почеток