Неутрализирани 114 украински беспилотни летала, едно лице загина, соопштија руските власти
Од
Објавено на
Најмалку едно лице загина во текот на ноќта во украински напади во јужна Русија, соопштија локалните власти, додавајќи дека руските сили неутрализирале 114 беспилотни летала.
„Руските системи за противвоздушна одбрана пресретнаа и уништија 70 беспилотни летала над анектираниот Крим“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.
Како што се додава, 43 беспилотни летала се неутрализирани над Краснодарската област и еден над Волгоградската област.