Свет

Нетанјаху објави видео во кое го критикува САД

Судењето за корупција на Нетанјаху продолжува во екот на војната против Хамас

Белата куќа изрази длабоко разочарување поради критиките на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кон САД, во услови на тензии меѓу двата сојузници околу војната на Израел во Газа.

Одговорот на Белата куќа дојде по состанокот меѓу советникот за национална безбедност Џејк Саливан и двајца од главните соработници на Нетанјаху на разговори за конфликтот во Газа.

Во вторникот, Нетанјаху објави видео на англиски јазик во кое раскажува разговор со шефот на американската дипломатија, Антони Блинкен, кој, според израелскиот премиер, му дал збор дека администрацијата на претседателот Бајден работи на отстранување на ограничувањата на испорака на оружје за Израел. Но, највисокиот американски дипломат одби да го потврди ова.

Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби се осврна на овие коментари на брифинг со новинарите, велејќи дека САД го изразиле своето незадоволство од Израел.

„Мислам дека многу јасно и недвосмислено им го пренесовме на нашите израелски колеги нашето длабоко разочарување од изјавите дадени во тоа видео, како и нашата загриженост за точноста на изјавите“, рече Кирби.

„Наводите дека сме престанале да му помагаме на Израел во однос на нивните одбранбени потреби се целосно лажни“, рече тој.

На почеток