Свет

Израел решен да удри по стратешките објекти на Хезболах, повика на цивилна евакуација

izrael 522

Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Даниел Хагари изјави дека армијата ќе нападне подземни локации на Хезболах во предградието на Бејрут Дахије во следните часови и ги предупреди цивилите во областа веднаш да се евакуираат.

„Во следните часови ќе удриме во стратешки објекти што Хезболах ги стави под земја“, рече тој.

Тој рече дека ракетите скриени под зградите претставуваат вистинска закана за светските водни патишта и за стратешките објекти на Израел, пишува „Тајмс оф Израел“.

„Наскоро ќе го нападнеме оружјето под зградите. Интензитетот на експлозијата на оружјето под зградите ќе доведе до оштетување на зградите и може да доведе до нивно уривање“, додава Хагари.

ИД неодамна издаде предупредување за евакуација на три згради и нивната околина.

На почеток