Свет

Во израелскиот напад врз јужен Либан загинаа девет лица, меѓу кои и деца

Франција го осуди израелскиот напад врз Либан

Во воздушен напад на израелските сили рано утринава, девет лица од исто семејство загинаа, меѓу кои четири деца, во пограничниот град Шеба на југот на Либан, јавува Ројтерс повикувајќи се на градоначалникот на Шеба, Мохамад Сааб.

Нападот е извршен утринава околу 03 часот, изјави Сааб за британската агенција.

Израелската армија сè уште не ја презела одговорноста за нападот, пишува „Тајмс оф Израел“.

Во соопштението Хезболах истакна дека ова е одговор на „дивјачките“ напади на Израел врз либанските градови и цивили. Израелската армија претходно објави дека беспилотни летала и проектили од Либан влегле на израелска територија.

На почеток