Четири пожари во Скопје: Во Бутел и Гази Баба запалена ниска вегетација, во Сарај запалено ѓубре


Регионалниот ЦУК Скопје информира дека имало четири пожари на отворено во Скопскиот регион.
БППЗ на Град Скопје од 11.25 до 12.20 часот, со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од 1000 м2 во атарот на с.Љуботен(Опш.Бутел); од 14.15 до 15.00 часот, со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од 60m2 во атарот на с.Јурумлери (Општина Гази Баба); од 14.30 до 16.00 часот, со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од 3 000m2 во атарот на с.Дворце (Општина Сарај) и од 21.05 до 22.10 часот, со 1 ПП возили и 3 пожарникари интервенирале на запалено стрниште и ѓубре на површина од 2 000m2 во с.Шишево (ОпштинаСарај)
