Македонија

Почина експратеник на СДСМ: додека работел на кровот од викендицата, паднал и починал

Поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Миле Андонов, починал по пад од кров во викендица. Тој беше дел од пратеничкиот состав на оваа партија во два мандати од 2008 до 2011 и потоа до 2014 година.

Од МВР велат дека лицето починало откако паднало, по изведување на работи на кров.

– Во 18 часот од итната медицинска помош било пријавено дека на планината Осогово М.А. роден 1962 година од кочани додека работел на кровот од викендицата, паднал и починал на лице место. Од страна на итната медицинска помош била констатирана смрт, известен е јавен обвинител – се вели во соопштението на МВР.

На почеток