Свет

Тешко болните деца од Газа првпат од почетокот на војната заминуваат на лекување во странство

Шефот на ОН: Луѓето во Газа се толку гладни што ги запираат камионите со помош и веднаш јадат на улица

За прв пат од почетокот на војната тешко болни деца од Појасот Газа заминуваат на лекување во странство преку граничниот премин Керем Шалом, кој се наоѓа на границата на Израел, Газа и Египет, објави денеска Тајмс оф Израел.

Критично болните палестински деца, вклучително и едно болно од рак, чекаат со членовите на семејството во болницата Насер во Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, откако наводно добиле дозвола од израелската војска да одат на лекување преку граничниот премин Керем Шалом.

Палестинските медиуми објавија дека децата од северот на Појасот Газа треба да бидат однесени на лекување во странство, а акцијата била координирана преку Светската здравствена организација (СЗО). Откако Израел го презеде граничниот премин Рафах на границата на Појасот Газа со Египет на почетокот на мај, Палестинците не можат да ја напуштат енклавата.

Израел ги затвори сите свои премини со Појасот Газа по нападот на Хамас на 7 октомври врз јужен Израел, а подоцна повторно ги отвори за испорака на хуманитарна помош, но не и за Палестинците да ја напуштат енклавата.

На почеток