Свет

Фармер во Германија пронашол тело на дете: Се сомневаат дека се работи за исчезнатиот Аријан

Вчера беше пронајдено тело на дете во Естроф во Долна Саксонија. Телото го пронашол земјоделец додека ја косел ливадата. Полицијата утрово соопшти дека идентитетот на пронајденото дете се уште не може со сигурност да се утврди. Сепак, се сомнева дека станува збор за 6-годишниот Аријан, кој исчезна пред два месеци, пренесува магазинот Феникс.

Во соопштението полицијата не ја прецизира точната локација каде е пронајдено телото, ниту другите околности на пронаоѓањето. Единствено е сигурно дека земјоделецот го пронашол телото вчера околу 16:30 часот. Одредот за криминал на полициската станица Стад и членовите на истражната група Аријан започнаа истрага.

Полицијата се сомнева дека се работи за Аријан од Бремерворде, кој исчезнал пред два месеци. Момче со аутизам исчезна од домот на неговите родители на улицата Охфелдринг во населбата Елм на 22 април. Полицијата има снимка од блиската надзорна камера. Според информациите на Билд, на снимката се гледа како Аријан брзо се движи по улицата околу 19:15 часот. Во тој момент тој држеше предмет што личеше на меч-играчка или стап и изгледаше ноншалантно.

По многубројните неуспешни пребарувања, во кои бил вклучен и Бундесверот, активната потрага по момчето во еден момент била прекината. Во потрагата се користени повеќе од 1.200 луѓе, полицајци на коњи и дронови. Од тој момент истрагата ја презеде увидна екипа на полицијата.

Германските медиуми јавуваат дека местото каде што е пронајдено телото на детето е на околу 8,7 километри од неговиот семеен дом.

На почеток