Петровска од Охрид: Ќе го вратиме дијалогот со различните целни групи, заедно ќе создадеме победнички СДСМ
Кандидатката за претседател на СДСМ, Славјанка Петровска вчера во Охрид присуствуваше на централниот караван за претставување на сите кандидати за претседател на партијата.
Пред присутните Петровска ја презентираше својата програма “Манифест на социјалдемократијата”, која ветува прогресивни политики и враќање кон основните вредности на СДСМ.
„Само силен СДСМ може да биде победнички СДСМ и затоа ќе го вратиме дијалогот со различните целни групи. Ќе создадеме консултативно тело во кое право да членуваат ќе имаат претставници на граѓански организации кои во своето делување ги споделуваат политиките за кои СДСМ се залага. Заедно, можеме да постигнеме повеќе„ порача Петровска пред членовите на СДСМ во Охрид.
Внатрепартиските избори за претседател на СДСМ се одржуваат на 30 јуни, а Петровска на гласачкото ливче е со реден број 4.