Пропадна рочиштето за „Синџир“: обвинет бил отсутен, ако не дојде следниот пат ќе добие построги мерки за обезбедување присуство
,,Денешната главна расправа за предметот со КОК бр. 61/24 во јавноста познат како „Синџир“ се одложи поради отсуство на едно од 32 обвинети правни и физички лица во предметот.
Расправата е презакажана за 08.07.2024 година во 10:00 часот за што странките во постапката беа известени на денешното рочиште на кое воедно и на бранителот на отсутниот обвинет му беше посочено да го извести својот властодавец, а во случај на негово повторно отсуство на следната расправа, со претходна уредна достава на покана, превентивните мерки ќе бидат заменети со построги, со оглед да се работи за притворски предмет од јавен интерес.”, имформираат од Основниот кривичен суд во Скопје.