Македонија

Изет Меџити се самопромовираше како прв вицепремиер, местото кое го имаше Артан Груби

,,Денеска во својство на Прв вицепремиер, и како нова Влада, од првите денови почнуваме со интензивна работа, и тоа со инвестиција вредна околу 450 милиони евра од компанијата Енерџи Алказар со што Северна Македонија станува целосно енергетски независна земја.

Со оваа инвестиција се предвидува поставување на 55 турбини на ветер, при што околу 20 отсто од електричната енергија во земјава ќе се обезбедува преку природно производство на електрична енергија или производство на електрична енергија од 1 терават на час или 1.000 мегавати на час.

Покрај енергетската независност, оваа инвестиција ќе отвори 630 нови работни места.

Преминуваме на дела!”, напиша Меџити на својот Фејсбук профил.

На почеток