Македонија

Одложен почетокот на повтореното судење за пожарот во модуларната болница во Тетово

Одложено судењето за пожарот во модуларната болница е одложен за 25 септември. На денешното закажано рочиште во Основниот суд во Тетово не биле присутни претставници на Клиничка болница.

Апелацискиот суд во април годинава донесе решение со кое наложи да има повторно судење за поранешните директори на тетовската болница Флорин Бесими и Артан Етеми, како и Јавната здравствена установа Клиничка болница Тетово како правен субјект.

За докторот Бобан Вучевски, Апелацискиот суд во април 2024 година ја одби жалбата на Обвинителството и ја потврди првостепената ослободителна пресуда за него.

Првиот судски процес се водеше откако на 8 септември 2021 година 14 луѓе ги загубија животите во пожарот во модуларната болница во рамки на Клиничка болница Тетово.

На почеток