Спречено поплавување на домовите во кочанско, известуваат од ЦУК
Од
Објавено на
,,Денеска, Регионалниот ЦУК Штип информираше дека околу 13.00 на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за излевање на вода од водоводните канали во с.Горни Подлог, при што имаше опасност од поплава во домовите во селото.
По итната оперативна комуникациска координација за спечување на опасноста, РЦУК Штип извести дека веднаш од јавното претпријатие Водостопанство од Кочани излегле на терен и увиделе запушување на канал за вода и истите работат на расчистување и отпушување на каналот, за да се отстрани опасноста од поплава во домовите во с.Горни Подлог.”, велат од ЦУК.