Магазин

(Видео) Маж освоил 3,8 милиони евра, па се струполил на под: Ја прославил добивката и доживеал срцев удар

На социјалните мрежи кружи видео од казиното Марина Беј Сендс во Сингапур, каде неименуван маж го добил џекпотот во саботата на 22 јуни.

Откако освоил околу 3,8 милиони евра, човекот почнал да скока од радост, а потоа драматично се струполил на подот.

Гостите во паника и персоналот на казиното веднаш му дошле на помош, а јасно било дека доживеал срцев удар, пренесува The Sun.

Во друштво на несреќниот маж имало една жена, а може да се види како нервозно клечи до него и се обидува да помогне.

Набрзо бил пренесен во болница, а медиумите веднаш објавија дека починал. За среќа, тоа не била точна информација.

Мажот се опоравува во здравствена установа, а можно е срцев удар да е предизвикан од екстремна возбуда.

На почеток