Македонија

(Видео) Македонската химна не ја знае на памет, „голема Албанија“ не осудува, од Села разочаран – Таравари бара нов Устав

Министерот за здравство, Арбен Таравари во поткастот „Претрес со Ландов“ зборуваше за кавгата со Зијадин Села, за македонската химна, желбата за итна и целосна промена на македонскиот Устав. Тој бара децентрализација со која, на пример, болниците ќе ги контролира градоначалникот. Уверува дека има македонско знаме во кабинет, а македонската химна не ја знае, иако не се изјасни дали ја прифаќа како негова.

„Не ми пречи. Кај што има настани, мора да се почитува. Има работи кои мора да се почитуваат. Некој кажува не го користам Северна Македонија, не можете нешто што е во Уставот да не го почитувате“, вели Таравари.

Прашан дали ја знае македонската химна, Таравари одговори: „Ако ме прашувате на памет, не ја знам“, а на потпрашањето дали е срамота да не ја знаете химната на државата која ве расте и ве образува, тој одговори: „Ако ме прашате една песна да ви кажам на памет, не знам ни една“.

На прашањето дали ја знае албанската химна, рече: „делумно да. И македонската делумно ја знам. Меѓутоа песните, ниедна не знам“.

Во ВЛЕН од каде тој доаѓа е и Орхан Муртезани, кој изјави дека македонската химна никогаш нема да биде испеана од Албанец, а Таравари му порача: „Треба да бидеме внимателни во изјавите кои ги даваме. Сите сме емотивци и знаеме од несмасност другиот да се осеќа лошо“.

Таравари не го осуди веењето на знаме со т.н. голема Албанија во Тетово, а даде и свое објаснување во дебатата, зошто молчи на вакви појави:

На почеток