Македонија

Приведени три млади лица: При претрес едниот од нив од возилото фрлил марихуана

Претрес во струмичко, пронајдена дрога

На 26.06.2024 во 22.00 часот полициски службеници од Полициското одделение Теарце на регионален пат од с.Пршовце кон с.Јегуновце ги лишиле од слобода Ј.Џ. (21), А.Ф. (23) и Д.Ш. (18), сите од с.Нераште. Имено, кога полициските службеници се приближиле до патничко моторно возило „ауди“ со тетовски регистерски ознаки во кое биле лицата, Д.Ш. преку прозорецот фрлил марихуана.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На почеток