Коментари

Демек овие исти подлизурковци на Заев и Таче ќе бирале лидер и ќе се реформирале? Не бе другари, не нудат ништо различно, коментира Исмаил од Левица

Пратеникот на Левица, Реџеп Исмаил смета дека борбата за лидер во СДСМ е сведена на исти ликови, кои и додека оваа партија била на власт, извршувале високи функции. Според него, невозможно е реформирање на оваа партија од овие кандидати за претседател.

„Гледам во борбава за лидер на СДС уклучени се истите ликови кои, додека оваа партија беше на власт, извршуваа највисоки функции во извршната власт. Истите оние кои ги креираа и спроведуваа, и жестоко ги бранеа истите политики за кои беа и казнети на последниве избори. И сега, како ништо да не се случило, демек од овие исти подлизурковци на Заев и Таче ќе бирале лидер и ќе се реформирале?!

Не бе другари, личност се бира за извршна власт (извршување на идеја) за партија се бира идеја околу која се окупира народ, а не лик околу кој се збирате. А сите овие кандидати за лидер на СДС не нудат ништо различно од она што впрочем и беше причина за се што им се деси на последните избори.

Имено, од ниту еден кандидат нема:
– Напуштање на ЕУ фундаментализмот;
– Напуштање на НАТО како воена организација која цица за оружје од таму каде треба да има за путер;
– Против предавничкиот Преспански договор кој го направија претходните лидери на оваа партија;
– Против бугаризацијата која не е ништо друго освен нео-фашистичка наезда над македонскиот народ;
– Против политичкиот систем кој целосно го сроза АСНОМскиот карактер на Македонија и од земја со антифашистички вредности ја претвори во бинационална трибалистичка анационална збирштина;
– Даночен систем кој ќе прави реалокација на богатсвото од богатите кон сиромашните;
– Економија која нема да се крсти на олтарот на странските инвестиции туку ќе се залага за силна улога на државата во економската активност;
– Забрана за приватна дејност во виталните сектори како Здравство, Образование, Енергетика;
– Отпочнување на процес за преиспитување на криминалите од транзицијата;
– Политики за враќање на длабоко нарушената секуларизација на државата;

Со еден збор, враќање на СДСМ на корените на вистинската социјал-демократија, а не продолжување на нео-либтардската сага на партијата како извршител на туѓи странски интереси кои се на огромна штета на својот народ.

Затоа, јас искрено се надевам дека поштениот народ по тија штабови и листинзи на СДС ќе ги увиди овие работи и ќе се погрижи да има избор на идеја околу која ќе се воспостават темелите и целите на делување на партијата, а не да бираат лик кој најелоквентно ќе ги перпетуира старите погубни стојалишта на оваа партија. Доколку не успеат да си ја спасат партијата од овие елитистички петоколонашки либтардски дувла, портите на Левица секогаш ќе бидат широко отворени за нив, заедно да ја вратиме Македонија како што ја личи: УНИТАРНА, НЕЗАВИСНА, АСНОМСКА, АНТИ-ФАШИСТИЧКА, СЕКУЛАРНА – СОЦИЈАЛИСТИЧКА!“, напиша Исмаил.

На почеток