Охрид

Турист паднал во амбис во Охрид: спасувачка акција со среќен крај

Охридската Противпожарна служба имаше спасувачка акција. Турист паднал во амбис, а тое го извлекоа и пренесоа на безбедно.

„Уште една успешна спасувачка акција на нашите пожарникари-спасители ! Интервентната екипа на Тппе Охрид изврши извлекување на повреден турист паднат во амбис ,во близина на х.Десарет.

Повреденото лице е лоцирано и безбедно е транспортирано на пловен објект за понатамошно лекување“, велат од Противпожарната бригада.

На почеток