Свет

Сириец избодел тројца навивачи во Штутгарт, Германец и двајца Турци

На Шлосплац, најголемиот градски плоштад во Штутгарт, каде има и фан-зона, во средата вечерта на натпреварот Турција-Грузија биле избодени тројца навивачи, извести германската полиција.

Избодени се 19-годишен Германец и двајца турски државјани, 38-годишен и 60-годишен. 38-годишниот имал повреди опасни по живот, но според новите информации тој се опоравува и е надвор од животна опасност.

За нападот е уапсен и приведен 25-годишен сириски државјанин.

Полицијата спроведува опсежна истрага за нападот, ги анализира постоечките видеа и ги повикува сите сведоци да излезат.

На почеток