ВМРО-ДПМНЕ: Ќе го спречиме зголемувањето на цената на струјата, ценовен шок кој СДС и ДУИ го оставија
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2019/05/120190420_222432.jpg)
,,Владата на ВМРО-ДПМНЕ спречи зголемување на цената на струјата ценовен шок кој СДС и ДУИ го оставија.
Владата предложи, а парламентарното мнозинство го донесе Законот за дополнување на Законот за енергетика со што се спречи зголемување на цената на струјата од 1 јули за домаќинствата и малите потрошувачи кои се на регулираниот пазар.
Со СДС и ДУИ цената на струјата во изминатите 7 години се покачи и за 50%. Секоја година имаше зголемување. Таа пракса ја спречи владата на ВМРО-ДПМНЕ.
Нема повеќе галопирачко зголемување на цената на струјата. Граѓаните можат да бидат спокојни, владата на ВМРО-ДПМНЕ работи за енергетска стабилност на државата.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)